Брена на својот Инстаграм профил сподели своја фотографија со емотивен опис.
Лепа Брена важи за една од најголемите ѕвезди на овие простории.
Покрај успешната музичка кариера, Брена се испроба и како актерка, а филмовите во кои се појавува постигнаа рекордна гледаност.
Во кариерата долга 44 години, пејачката сними десетици безвременски хитови во кои уживаат и помладите генерации.
Брена на својот Инстаграм профил сега објави слика од почетокот на кариерата со емотивен опис. Таа напиша дека е горда на себе што успеала во невозможното, а тоа е да остане сама, и покрај речиси петдецениската кариера.
View this post on Instagram
– Во текот на сите години од мојата кариера, подеми и падови, триумфи и солзи, радости и таги… Сè што ми се случуваше како сопруга, мајка и уметник на кои рефлекторите се насочени дваесет и четири часа дневно, верувам дека успеав во речиси невозможното – да останам себеси, природна, нормална, насмеана, жена од крв и месо, во душата иста како онаа девојка која пред четириесет и четири години зачекори од малиот двор во Брча во големиот светот! – напиша Брена во описот на објавата.
фото: printskrin/instagram