Пејачката и актерка Лејди Гага, која беше дел од суперѕвездите на годинешното отворње на Олимписките игри во Париз, се сврши со своето долгогодишно момче бизнисменот Мајкл Полански.
Парот сè уште јавно не ја објавија веста, но фановите на пејачката го открија тоа на интересен начин.
Имено, 38-годишната поп-ѕвезда во видеото на Тик-ток што го сподели францускиот премиер Габриел Атал во неделата на 28 јули, го претставува 46-годишниот претприемач Мајкл Полански како свој „свршеник“.
Watch on TikTok
Мајкл Полански е технички претприемач. Заедно со Гага моментно се во Париз. Фановите пак, со нетрпение ја очекуваат формалната вест.
Двојката првпат ги поттикна гласините за свршувачка во пролетта 2024 година. Тие се во врска околу четири години.
фото: print Screen/instagram/TikTok