Музичката ѕвезда Лејди Гага беше фотографирана и снимена на тајната венчавка на нејзината сестра, а нејзиниот изглед доведе до големи шпекулации за нејзината бременост.
Имено, по свадбата на нејзината сестра Мејн минатиот викенд, се појавија папарацо слики кои наводно докажуваат дека таа изгледа во поинаква состојба. На видеата јасно се гледа нејзиниот стомак, а светските медиуми пренесуваат дека Гага е бремена.
Семејството го изнајмило целиот хотел за венчавката во текот на двата дена од викендот, а сите коментираат по снимката која се појави на порталот „The Sun“ дека пејачката и нејзиниот избраник Мајкл Полански наскоро ја очекуваат принова.
Гага беше деверица на свадбата на нејзината сестра, а се беше организирано како гала. Таа носеше црн класичен краток фустан кој прилично го истакнуваше нејзиниот стомак, а потоа вниманието го привлече нејзиниот дијамантски прстен. Ја носела косата во пунџа и ставила црвен кармин.
Во беж фустан, кој исто така го носеше за време на церемонијата, таа беше забележана со Мајкл, кого го држеше за рака и каде се истакнуваше нејзиниот стомак, кој тамошните медиуми го оценија како „бремена“.
Инаку, пејачката се уште не се огласила за наводните вести во нејзиниот живот, а бидејќи со месеци не е видена во јавноста, гласините стануваат се поинтензивни.
фото:You Tube printscreen/ The Sun Showbiz/ Instagram/ Lady Gaga/