Промотер

Лара Иванова како модерна секси икона заедно со Вански на музичко – „After party“ (ВИДЕО)

Лара Иванова како модерна  секси икона заедно со Вански на музичко – „After party“ (ВИДЕО)

Младата и талентирана пејачка Лара Иванова повторно го сврте вниманието на јавноста – овојпат со својот најнов видео спот, во кој се појавува во  прилично провокативно и скокотливо  издание.

Во видеото, Лара е облечена во црно боди и високи црни потпетици, комбинација што го истакнува нејзиниот самоуверен став и смел визуелен концепт.

Со овој изглед, таа недвосмислено порача дека порасна – не само музички, туку и стилски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lara Ivanova (@_lara.iv_)

Новиот спот е визуелно впечатлив, со урбана естетика, сензуална атмосфера и креативна режија која ја прикажува Лара како модерна, независна девојка со силна сценска присутност.

Патем, покрај сите нејзини разголени фотографии на социјалните мрежи кои во последно време неретко ги споделува во бикини или еротска долна облека, ова покажува сосема созреала и како жена иако е се’ уште млада атрактивна девојка со извајана телесна градба.

Всушност песната на Лара е реализирана во дует со младиот кретивец, музичар и музички продуцент Матеј Ванески, попознат под уметничкото име Вански и е повеќе негово дело во кое Лара гостува само како вокал, а истат е насловена „After Party“.

Инаку, песната носи современ техно-поп звук со елементи на R&B и електро саунд, што  ја вклучува Лара во редот на останатите млади изведувачи на македонската сцена кои ги следат модерните светски трендови.

Она што ја издвојува покрај музиката и нејзините вокални способности, секако е изгледот, во кој е вкомпониран сиот телесен раскош кој го комплетира еротскиот набој создавајќи единствено аудиовизуелено доживување за сите сетила.

Онакво какво што ви го пружа Лара Иванова заедно со Вански, во нивното  „After party“,  кое можете да го проследите во видеото во продолжение…

 

 

To top