Радио Милева за кого како

Кралот Чарлс и дал прекар на снаата Меган Маркл со кој според многумина ја невредил

Кралот Чарлс и дал прекар на снаата Меган Маркл со кој според многумина ја невредил

Сè започна идилично во односот помеѓу Меган Маркл и кралот Чарлс, тогаш принц, а заврши со „Мегзит“ и нарушување на семејните односи, откако војводата и војвотката од Сасекс решија да ја напуштат Бакингемската палата и да се преселат во Калифорнија. Тогаш односите „замреа“, но прекарите кои британскиот крал ѝ ги дал на својата снаа Меган сè уште траат! Барем сега за нив нашироко и наголемо се зборува, а со оглед на новите околности тие не изгледаат многу ласкави.

Со текот на годините, Меган Маркл беше опсипана со голем број мошне непријатни прекари на интернет, од „Me-gain“ (лична корист) до „Тешка војвотка“ и „MeMeMegan“ (ЈасЈасМеган), но можеби најбизарниот од сите е „Волфрам“, кој ѝ го дал кралот Чарлс затоа што е „цврста“ и „непоколеблива“ – како што тој своевремено ја опишал.

Иако на прв поглед не изгледа дека споредувањето со цврстиот метал не е најпријатен комплимент, Чарлс тоа го сметал за комплимент и пофалба – и прекарот останал. Кралското семејство веќе долго време користело прекари меѓусебно во приватните кругови, а ваквото ословување наводно било начинот на Чарлс да ѝ посака добредојде на Меган во семејството. Таа веќе била навикната на прекари. На крајот на краиштата, Меган не е ни нејзиното вистинско име – нејзиното вистинско име е, всушност, Рејчел, но почесто го користела своето средно име – Мег.

Според информациите на Шарлот Грифитс, новинарката на весникот „Мејл он сандеј“, во јуни 2018 година, Чарлс првпат го употребнил прекарот „Волфрам“ во раните денови од заедничкиот живот на Хари и Меган, како членови на кралското семејство.

„Принцот Чарлс ѝ се восхитува на Меган за нејзината сила и поддршката што му ја дава на Хари, кому му треба некој како неа во животот, бидејќи тој може да биде малку мек. Тоа стана знак на наклонетост“, рекол тогаш извор од палатата.

Волфрамот е метал кој се наоѓа во периодниот систем и е познат по високата точка на топење и цврстината. Затоа, прекарот во тоа време се сметал за трогателен комплимент.

Кејти Никол дополнително го објаснила потеклото на овој прекар во својата книга од 2022 година „Новиот крал: наследството на кралицата Елизабета и иднината на круната“ (The New Royals: Queen Elizabeth’s Legacy and the Future of the Crown).

Таа тврди дека Чарлс ѝ го дал прекарот на Меган кога го започнала својот живот како член на кралското семејство, бидејќи тој наводно видел дека таа е „отпорна“ и способна да се справува со јавноста.

Никол, исто така, истакнала дека значењето на прекарот било очигледно во текот на нејзиното прво заедничко појавување со Хари, Вилијам и Кејт на настанот на Кралската фондација во февруари 2018 година.

Таа напишала дека Меган е „ѕвезда во подем“, како и дека остава впечаток на „глазирана, страсна и духовита“ жена, која ги користи сите свои вештини стекнати на телевизија за да ги презентира своите ставови.

Инаку, по настанот, Чарлс продолжил да развива близок однос со Меган и двајцата наводно добро се сложувале, според извештаиите. Во мај 2018 година, Чарлс ја испрати до олтарот, откако нејзиниот татко Томас го откажа присуството на свадбената церемонија поради операција на срцето.

фото:Facebook / The Royal Family

To top