Лила Филиповска отсекогаш го живеела животот по свое. Врвот во професијата оддамна го достигнала, но искушенијата со кои се соочува секој од нас поинаку ги доживуваше се’ до поред три години, кога она најважното животното искушение и удри шлаканица на реалноста. Лекција која и го препиша рецептот за подобар живот.
Три години подоцна Лила Филиповска не е повеќе истата онаа… Сега е многу подобра. Најмногу за себе. Откако ја надмина болеста која сериозно и посочи дека вака веќе не оди, водителката сега живее многу поинаку. Растоварено, полабаво, безгрижно… Без оптоварувања дека туѓите мислења и озборувања, туѓите констатации и коментари можат нешто да и променат, да и влијаат, да ја разлутат, разбеснат, изнервираат… Туѓата грижа за нејзиниот живот е помножена со нула, оставена во заборав, на буништето на претходниот начин на живеење и размислување.
Од оној ден кога животот и даде „втора шанса“, Лила истата ја зграпчи со обете раце и сега го живее онака како што ќе посака, а не како што мора. Сега таа и животот се во љубовна хармонија на совршено спокојство врз кое не може да влијае ниту едно надворешно влијание. Ништо не може да и го расипе убавото расположение и позитивната мисла. Сега само здравјето е на прво место, а кога тоа е онакво какво што треба да биде, сите други грижи паѓаат во вода.
А кога ќе ја научиш лекцијата, нема сила што ќе те натера да го промениш мислењето. Тогаш многу полесно им го вртиш грбот на проблемите и се оддалечуваш од сите, за подобро да ја видиш целата слика. Зашто таа најдобро се гледа во далечината… За сето останато, последниот збор го има судбината!
„И ништо не е повеќе важно… ни која си,ни што си,ни каква си , ни од каде си , ни зошто си !? Се дур си здрава и жива !!!
Три години пролетаа а со нив и една друга Лила на која до тогаш и беше важно сѐ ова горе наведеново . Наместо да се објаснувам и правдам денес оставам другите да се во право а јас да бидам среќна. Зошто само среќен човек е здрав човек. Затоа и доаѓаат вакви искушенија. Шамар на реалноста. Лекција ! И знаете што… се дури не ја научиме истата лекција ќе ни се повторува. Не ме прашувајте како знам. Затоа уживајте во секој момент не пропуштајте да ги гушнете саканите, патувајте, опкружете се со позитивни луѓе и правете го она што ве прави среќни. Судбината секогаш го има последниот збор!“ – мудро споделила Лила не заборавјќи да ја одбележи најважната животна лекција која ја добила, па поучена од неа, сега живее по „свои правила“!
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/lilafilipovska