Мегафон сеќавање на идолот...

Концерт во чест на Влада Дивљан во Скопје

Концерт во чест на Влада Дивљан во Скопје

По повод десет-годишнината од смртта на српскиот рок музичар Влада Дивљан, во Скопје ќе се одржи концерт во негова чест. Настанот е закажан на 17-ти ноември во Македонска филхармонија, а настапуваат неговите пријатели од ,,Невладина организација”.

Бендот „Невладина Организација“ е составен од неговите пријатели и соработници Зденко Колар, Саша Шандоров, Борис Буњац и Марко Миливојевиќ, како и подмладокот Дамјан Дашиќиќ и Марко Чалиќ.

Во живо ќе бидат изведени големи хитови кои Диљан и ги остави на публиката, од времето на групата  „Идоли“, па се до песните од неговата соло кариера, како и соработките со „Олд Старс“ бендот, „Невладина Организација“ и „Летно кино“.
Влада Дивљан важеше за великан на југословенската музика. Почина во Виена, на 56-годишна возраст по тешко боледување.
Влезниците за концертот во Скопје се пуштени во продажба по цени од 1.000 до 1.500 денари.

Фото: Инстаграм/vladimirdivljan

To top