Скапите часовници се голема страст на многу јавни личности, а Саша Поповиќ може да се пофали со најскапата колекција од целата српска естрада.
Пред неколку години од вилата на Поповиќ на Бежанијска Коса беа украдени дури осум часовници.
– Саша има часовници од по 40.000 евра. Тој е опседнат со нив. Со години купуваше часовници, но неодамна изгуби дел од колекцијата кога упаднаа во неговата куќа! По тој повод, од сефот на Поповиќ исчезнале осум модели со вкупна вредност од 142.000 евра. Без разлика, Сале сè уште ги има убедливо најскапите часовници – изјави тогаш неименуван извор за локалните медиуми.
View this post on Instagram
Поповиќ создаде империја, па сега живее во изобилство со семејството. Сопственик е на бројни скапи автомобили, но поседува и неколку луксузни имоти.
фото:Instagram printscreen/ sasapopovicofficial