Миленичката на голем број љубители на народната музика, пејачката Анета Љумаковска, откако се разведе од сега веќе екс сопругот и колега Џими Мицевски, медиумската експонираност околу приватноста како да и дојде премногу.
Велат дека жените визуелно сакаат да менуваат имиџ кога им се случува нешто големо, а на Анета и тоа како и се случи. Оттука тренсформациите од кои постојано ја гледаме, се одраз токму на ова непишано правило.
За нејзините модни промени се изнагледавме и читавме доста, а периодов актуелна е и со тоа што започна да настапува со нова група музичари „Дакапо бенд“ со кои сними и нов материјал од сплет на македонски песни.
View this post on Instagram
Токму ова сакаше да го обзнани и презентира пред своите обожаватели кои ја следат на Инстаграм, а следно од објавите кои следеа, веројано од нешто или некој поттикната и иритирана, објави кои се трите одлики на простотијата:
-Омразата, завидливоста и злобата се трите ќерки на простотијата, куса и децидна беше пејачката.
Многу и се допадна, се идентификуваше или прати порака до оние, оној или онаа што си ја имаат „мувата на капата“ , најдобро знае самата.
фото:Instagram printscreen/ anetaljumakovska2701