Водителката Бојана Лазиќ откри зошто моментално нема емотивен партнер, како и дека е голем перфекционист.
Бојана Лазиќ вчера пристигна на снимањето на музичкото натпреварување видно расположена. Таа била подготвена да открие повеќе за својот приватен живот.
Иако изгледа беспрекорно, таа откри дека има високи критериуми кога станува збор за мажите и дека токму затоа е сама.
– Да, затоа сум сама, кој ќе го трпи тоа? Со новата година можеби ќе дојде и нов младоженец. Јас барам лојалност и стабилност, а тоа очигледно не постои. Барам вистински маж, а многумина седат на две столчиња. Тоа ми се гади и не го поддржувам. Секогаш избирам да бидам сама. Главно изневеруваат, а со кого – веќе ни самите не знаеме – рекла таа.

– Имало сè и сешто, имам брак зад себе, имало различни искуства. Јас не се вљубувам во такви мажи, се вљубувам во квалитет и стабилност, а денес е тешко да се најде психички стабилен човек. Не сакам ниту порочни луѓе, а и тоа денес е тешко. Мажите сами си ја одзедоа машкоста, но и жените многу грешат. Толерираат неверства

Водителката истакна дека е голем професионалец, но се осврна и на приватниот живот.
– Навикната сум да бидам професионална и кога имало смртни случаи и тешки ситуации, јас бев максимално професионална – рекла Бојана за тамошните медиуми.
Како што вели, сега планира промена која никој не ја очекувал од неа:
– Планирам да ја сменам бојата на косата следната недела. Одамна бев темна и на тоа ме наговори тогашниот сопруг и бев ужасна, воопшто не ми стоеше да бидам бринета, но очигледно имам потреба и од нова боја на косата.
Инаку, Бојана беше во брак со колегата Жарко Лазиќ, а за нивниот однос и развод јавно и отворено зборуваше:
– Многумина не знаат дека во еден момент работев за три медиумски куќи. Им благодарам на тие луѓе што имаа разбирање за сè што ми се случуваше.
foto: printscreen/instagram/bojanalazic00





