Радио Милева кој како ќе ја сфати...

Кој ја налути Лила за вака јавно да му каже: „Блокирај ме, полесно ќе ти биде“ (фото)

Кој ја налути Лила за вака јавно да му каже: „Блокирај ме, полесно ќе ти биде“ (фото)

За Лила Филиповска доста добро познато е дека за неа не постои одредено време и сезона за одомор.

Пролет, лето, есен, зима, секое е создадено за ново патување, а уште полесно остварливо за една влијателна инфлуенсека како неа што редовно си има партнер за соработка од оние со туристички понуди.

Месец мај го помина со нови спомени, искуства и рекалсација за сите сетила по којзнае кој пат од Турција, а сега на крајот од месец јуни и почетокот на јули, и дојде време на Грција.

Чиниш куферот никогаш не го распакува, но Лила за тоа секогаш е полна со порив и енергија одново да го подготви и да тргне на пат.

Распослана во прв ред до морето, бранот ја гали и ја освежува, а звуците и милуваат уши и даваат спокој на душа, а за сите оние душегрижници кои ја следат, ама не им е сеедно, таа имаше јасна порака:

„Блокирај ме, полесно ќе ти биде“ – стои во описот од најновите фотографии, а кога можеби чекаше некој зајадлив коментар, она што и осамна под објавата беше доста духовито, па ја изнасмеа:

„Зошто да те блокираме? Тебе ти е потешко, се “мачиш” по вруќинине на плажа“ си се утеши една од следбеничките, што ја изнасмеа Лила.

А простор за комплекси и барање мани, на така убава летна енергија, море и плажа, простор воопшто нема, туку само една желба на Лилето.

„Немам ниеден комплекс, а баш би сакала да имам еден на море“- епа кој не би сакал…

Вака – така со блокади или комплекси, Лила добро зане како да си ја нареди, а останатите нека му ја мислат, секој за себе – нели?

фото: Facebook/ Lila Stojanovska

 

To top