Спасе Јовановски полека стана најпознатиот презентер на временската прогноза. Го гледаме по вестите на ТВ Сител, во последно време и во новата водителска улога со свој поткаст на Јутјуб, а на социјалните мрежи многу попознат како Спасе – „Рола до бола“ и верен придружник на Лила Филиповска на речиси сите нејзини егзотични патувања, настани, случувања… Во и надвор од земјава, на што многумина му завидуваат и кажуваат што се’ би дале да се на негово место, а други пак го сожалуваат, велејќи дека е греота, постојано да си најблиску, прв во редот, а никако да се облажиш, да брцнеш прст во медот!

Бил или не бил таков редот сеедно, едно е сигурно, а самиот тој бездруго би се согласил, зашто се гледа и одблизу и од далеку и тоа без двоглед, дека Спасе е ѕвезда уште на прв поглед. Впрочем, како и не би, кога те има само две минути на ТВ, а популарноста ти е поголема од оние што ги има по саат време, баш ти „дреме“…

Нема ни што да те секира ако некој почне вербално „да онанира“ по тебе, твоето име и дело… Ти и натаму терај по свое и мирно уживај во своето елегантно одело… Со или без кравата!

Така барем Спасе – Рола ги доживува сите негативни коментари и плукања по неговиот изглед и ТВ дејанија.


Не дека е „во љубов“ со хејтерите, ама па не дека е и толку несериозен навредите да не ги сфаќа сериозно. Всушност, како ТВ магионичар или астрофизичар самиот успеал да направи експеримент, па навредите да ги претвори во комплимент!

Сега, по истиот волшебен принцип на хејтерите им останува да брцнат преку ТВ екранот, да пружат рака и како низ временска врата само да му се фатат за… скапата кравата!

И да не ве изненади ако некој зачудено праша: „Човеков на кравата мисли, или за вратоврската се работи“!?
Фото: Фејсбук и Инстаграм/Rolla Do Bolla







