Клое Кардашијан споделува сочни детали за својот живот. Риалити ѕвездата од „Кардашијанс“ сподели изненадувачки искрени информации за својот сексуален живот – или поточно, за недостатокот од него.
Исповедта дојде за време на интервјуто со сестрата Кортни Кардашијан и пријателот Сајмон Хак во премиерната епизода од новата сезона на нивното шоу, а темата се појави откако разговараа за новиот производ на Кортни, гумени бомбони Lemme Play libido, објави E! News.

„Не сум имала секс повеќе од три години“, призна Клое, поттикнувајќи го Сајмон на шега да предложи: „Оваа гумена бомбона е совршена за тебе, дали сакаш да се појавиш во реклама?“
Клое ја прифати шегата и одговори: „О, одлично. Да, ќе се појавам.“
Никоj не ја интересира
Нејзината сестра Кортни верува дека ова е идеално време Клое, која има две деца, Тру и Тејтум, со поранешниот партнер Тристан Томпсон, да се фокусира на себе. „Мислам дека кога имате мали деца, ако нема никој што ви вреди, фокусирајте се на вашите деца“, рече Кортни.
Но, Сајмон не се откажуваше, прашувајќи ја Клое дали навистина има некој „на нејзиниот список“. „Не“, потврди таа. „Не пишувам пораки никому, немам ничиј телефонски број, можам да го оставам телефонот до вас“.

Кога Сајмон ја праша каде одат нејзините голи фотографии, Клое одговори дека тие немаат дестинација, додавајќи: „Немам голи фотографии, какви голи фотографии?“
Порано оваа година, 41-годишната потврди дека целосно се откажала од излегувањата и е среќна сама.
„Видов на Инстаграм дека некој се оженил со Ајфеловата кула, храна, телефон и нешто слично“, се пошегува Клое во претходната епизода. „Значи, тоа би можела да бидам јас за неколку години, да се мажам за нешто како мојот кревет“.
„Тоа би било убаво“, продолжи таа. „Се мажам за мојот кревет. Знам кај кого се враќам дома секоја вечер. Знам дека ќе биде тука за мене кога сакам. И ќе ме гушка кога сакам. И не се жали.“
фото:Instagram printscreen/khloekardashian







