Пејачката Каја Остојиќ веќе неколку дена е во Америка, таа сега слободното време го поминува со ќерката Николина, а на Инстаграм сподели нивна заедничка фотографија.
Имено, Каја редовно ги известува своите следбеници за случувањата и сите активности кои ги има во Америка, а сега излегла во ресторан и позирала со својата ќерка.
Пејачката облекла црна блуза од тантела, додека Николина се одлучила за здолниште и блуза. Откако Каја ја објавила фотографијата тргнаа и коментарите, а сите велат дека се како пријателки.
Катарина Каја Остојиќ на 19 години ја роди ќерката Николина, од првиот брак со кошаркарот Никола Драгојловиќ.
Николина денес има (22) години, а пејачката не крие колку е горда на својата наследничка. Имено, Николина со години живее во Америка каде што студира и сама си го трасира патот до успехот. Интересно е што Николина успеа да се вработи во агенцијата која работи на маркетинг кампањата на Доналд Трамп.
Таа неодамна се најде во првите редови на инаугурацијата на Доналд Трамп, а потоа и на бал на кој привлече големо внимание.
фото:Instagram printscreen/kaya_ostojic