Пејачот Драган Којиќ Кеба вчера имаше посебна причина за славење.
Тој и неговата сопруга Оља славеа 41 година брак. Нивната долгогодишна љубов, која внимателно ја негуваат со години, за многумина е инспирација, а оваа годишнина е уште еден доказ за нивната силна поврзаност.
По тој повод, Оља Којиќ и се обрати на јавноста преку социјалните мрежи, каде објави неколку заеднички фотографии од венчавката.
Фотографиите брзо предизвикаа лавина од коментари, честитки и поддршка, а многу фанови велат дека Кеба и Оља се вистински пример за тоа како изгледа вистинската, трајна љубов.
View this post on Instagram
За потсетување, Драган и Оља Којиќ го имаат синот Игор, кој и е познат на јавноста, а нивното семејство отсекогаш важело за хармонично и здружено.
фото: printcsreen/instgaram