Водителот Марко Новески е во брак со сопругата Цена, која оваа година во месец април му го оствари најголемиот сон и на свет ги донесе близначињата Вања и Веда.
Марко е активен на социјалните мрежи , па сега покажа слатко видео од малите.
Водителот сподели кратко клипче на неговата кратка приказна на Инстаграм заедно со близначињата и дефинитивно ги воодушеви сите следбеници.
Тие прошетале заедно со тато, додека тој ги возел во количката за бебиња и го снимил овој момент, а местото кое што го одбрале е некаде на игралиште.
„Едниот набљудува што се случува на сите страни, додека женската на тато спие, а вие имајте прекрасен ден“ – кажа Марко.
Како хаштаг додаде „шириме позитива“, а со оваа објава со сигурност успеа во тоа.
Водителот првата заедничка фотографија со нив, додека ги држи во раце, ја сподели само неколку дена по раѓањето, а во описот тогаш напиша – „Мојата дупла среќичка“.
фото: Print Screen/Instagram/marko_noveski