Радио Милева искуство

„Ќе го барате времето кога се мали“: Сара Мејс со емотивна порака до сите родители (фото)

„Ќе го барате времето кога се мали“: Сара Мејс со емотивна порака до сите родители (фото)

На социјалните мрежи, овој период,  родителите, а особено мајките, почнуваат да објавуваат фотографии од нивните првачиња кои сега  се запишуваат во училиште, а кои „пораснале“ преку ноќ.

Меѓу нив се најде и македонската пејачка и харфистка Сара Мејс.

Сара е една од познатите дами која редовно истакнува дека децата за неа секогаш се во преден план.

Кога станува збор за семејството таа ни малку не ја сокрива среќата од јавноста, споделувајќи ја преку социјалните мрежи на кои е активна, а сега за тоа имаше и голем повод.

Имено нејзината ќеркичка Илина веќе порасна, се запиша во прво одделение,  па од септември нејзиното прваче ќе тргне на училиште.

Безгрижните детски денови поминати во градинка завршуваат за миг, а Сара токму тоа и го забележа.

Така, познатата пејачка сподели фотографија од убавото девојче, а напиша и една емотивна порака  упатена до сите нови родители:

„А позеркава денес… Прваче бе… Не џабе викаат повозрасните родители ќе го барате времето кога се мали – она више  несе мази, такааа“ – напиша Сара Мејс на фотографијата каде  нејзината мала принцеза носи  јакна и чизми со ист дезен.

Новите предизвици почнуваат за малите првачиња, но и за родителите кои се пред нова етапа во која голема улога имаат и тие.

А, мајкиното срце е секогаш полно со емоции за најмилото, особено кога нејзиното дете треба за прв пат да се соочи со училиштето.

фото: instagram/printskrin/sarahmace__

To top