Македонскиот ракометен голман Борко Ристовски и неговата сопруга Нина го прославија шестиот роденден на нивниот син Душан.
Борко, по тој повод на кратките дневни приказни на Инстаграм, објави неколку фотографии од синот на кои јавно му го честиташе роденденот.
– Среќен роденден љубов татина – пишуваше на фотографијата која ја сподели.
А пред следбениците покажа дел и од атмосверата во која уживале и се забавувале додека малиот славеник управувал со глисерот… Ги возел сите оти е доволно голем капетан. Се разбира само за позирање на фотографија.
Потоа за својот наследник Борко подготви искрена емотивна порака која ја сподели и со јавноста, а покрај пораката пронајде и сподели и повеќе заеднички фотографии од синчето од годината што измина, па ги сподели и нив на социјалната мрежа.
– Синко мој. Биди ми здрав,жив,среќен и остани таков каков што си. Јас ќе бидам тука за тебе додека дишам. Среќен роденден љубов татина – пишуваше над објавата.
Фото: printskrin/instagram/borko12ristovski