Пејачката Катарина Живковиќ пред два месеци го роди синот Стефан.
Таа сега ја објави првата фотографија со наследникот, а многумина забележаа дека пејачката изгледа одлично и блеска и дека очигледно ужива во улогата на мајка.
Потсетуваме, Каќа со месеци ја криеше бременоста, а потоа објави дека е во блажена состојба и дека извесен период се повлекува од медиумите, за да се посвети на бременоста, а потоа и на мајчинството.
Таа истакна и дека шест години е вљубена во таткото на своето дете, но дека не сака многу да зборува за приватни работи, па не го откри неговиот идентитет.
фото:instagram printscreen/katarina_zivkovic_official