Радио Милева за крај

Катарина Ивановска се збогува од Роберто Кавали: Овие моменти кои таа ги имаше со него станаа модна историја (фото)

Катарина Ивановска се збогува од Роберто Кавали: Овие моменти кои таа ги имаше со него станаа модна историја (фото)

Саботното утро од изминатиот викенд осамна со тажна вест за смртта на славниот моден дизајнер Роберто Кавали кој почина на 82 годишна возраст.

Модниот свет, особено италијанската мода остана без кралот на животинскиот принт и моден експериментатор кој во својата долга децениска работа облече многу ултра познати имиња од светскиот шоу-бизнис.

Честа и привилегијата да чекори на писта за ревијата на ова големо модно име имаше и нашата манекенка Катарина Ивановска. Катарина со фотографии од ревија во 2005 година кога ги носеше креациите на Кавали се присети, а наедно се збогува од големиот дизајнер.

Инаку, Кавали почина во својот дом во Фиренца, Италија.

Тој беше болен подолго време и неговата здравствена состојба значително се влоши во последните денови, а објави италијанската новинска агенција АНСА.

Кавали беше познат по егзотичните животински принтови и по создавањето на изгледот на текстурата од фармерките со песок.

„Природно талентиран и креативен, Роберто веруваше дека секој може да го открие и негува уметникот во себе. Наследството на Роберто Кавали ќе живее преку неговата креативност, неговата љубов кон природата и преку неговото семејство кое го негуваше“.

Неговото богатство се проценува над 500 милиони евра

фото:Instagram printscreen/ katarina_ivanovska/ robertocavalli

To top