За разлика од врметето кога често беше ангажирана од светски познати и етаблирани брендови за нивните ревии и кампањи, денес Катарина Ивановска има помалку ангажмани, најчесто домашни.
Нејзината примарна преокупација веќе неколу години е мајчинството, па таа е 24/7 предана мајка на малите Вања и Кира.
Меѓудругото, апетитите односно аспирациите за тоа што сака и што и прави мерак на срце и душа добро знае, ама истото чини доста, и тоа во неколку милиони.

Дека е љубител на зима, снег, планина и тоа како е познато, зашто убатата Катарина секоја зима редовно ја минува на Маврово, па и на европските ски-центри.
Сега пред прагот на новата зимска сезона таа има една желба, да си има луксузен имот среде планина, па интернетот и понуди опција што и „фати око“, арно ама сумата која го пружа тоа задоволство за 1200 м2 изнесува 8 милиони долари.

Дека желбата и соништата се големи, покажа со тоа што го сподели ова, па духвито кажа дека и недостасуваат уште само 7. 999.999 за реализирање на сонот.
Но, најважно е да се знае што сакаш, а кога силно сакаш тогаш нештата полесно се остваруваат. Затоа никогаш не вели никогаш.

Катарина очигледно е духовита, особено кога шегата се брои во милиони.
фото: Instagram printscreen/katarina_ivanovska



