Катарина Ивановска се впушти во манекенските води уште како тинејџерка. Манекенството, барем за Македонките кои се пробале да чекорат по писти, најчесто брзо завршува по извесен период, но за Катарина тоа стана вистинска професија, дури и откако стана мајка двапати.
Стекна интернационална кариера, а успеа да биде барана како манекенка и модел за многу престижни светски брендови.
Нашето убаво македонско девојче е гордост низ светот, но откри дека манекнството воопшто не е лесно како што навидум изгледа, особено кога пред неа се најавени ангажмани.
Но кога ги нема, Катарина баш знае да се опушти…
Па така, веројатно ќе ви буде чудно, но Катарина пред полноќ знае да јаде и чоколада, а за појадок внесува калориска бомба во себе сочинета од јајца, колбаси и аспарагус.
Оброк кој повеќето го сакаме, а фит манекенка како Катарина не се штеди да го наполни стомакот, особено наутро. Здравјето, а и задоволствотвото не треба да трпи, а таа си го тера меракот и без грижа на совест јаде се’ што ќе и падне на памет.
Катарина очигледно е ултра дарена од мајката природа да си ужива во своето тело ремек дело и да си го тера ќефот преку гастрономските задоволства.
Она што исто така изненадува, а таа го откри во една прилика, е дека обожава да јаде чварки!
Епа навистина е среќна жена!
фото:Instagram printscreen/ katarina_ivanovska