Каролина Гочева како и секоја година има иста пракса- да објавува фотографии од летниот или зимсикот одмор кои не се тековни, туку се со задоцнување до месец дена.
Нејзина шема за која причината ја знае сама, но се случува години наназад во континуитет…
Така беше и ова лето 2025-то кога во месец август објави фото- албум од одморот во Италија на Доломити од Алпите каде направи бегство од скопските горештини кон ладовината на еден луксузен комплекс, а тоа се случило претходниот месец.
View this post on Instagram
Планина и свежина, но не и отстапка од уживање на вода и комоција во бикини, а за да не и застуди веднаш при рака и беше и бадемантилот.

Ретко покажува дека е активна во тренинзите, ама овој пат откри дека и на одмор има пракса да трча и да одржува форма и кондиција.

Згодна како и секогаш, битолското македонско девојче повторно ги собра сите комплименти на сметка на изгледот и витата става на свои 45 години кои ретко кој би и ги препишал.

Секако, ништо без нејзинот сакан Михо кој за овој одмор на планина беше неизоставен дел од нејзиното совршенство.
фото: Instagram printscreen/karolinagocheva







