Радио Милева поддршка, љубов, возбуда

Каролина Гочева и споругот спакуваа куфери и заминаа далеку, многу далеку – целта една…

Каролина Гочева и споругот спакуваа куфери и заминаа далеку, многу далеку – целта една…

Една од нашите најпопуларни поп-пејачки, Каролина Гочева, ретко зборува за својот приватен живот и се’ она што и се случува надвор од сцената, но затоа пак доста често преку социјалните мрежи знае ја ја покаже брачната хармонија со сопругот, уметникот Михаил Корубин.

Дека се безревервна поддршка еден на друг, евидентно е низ годините наназад откако се во брак.

Двајцата уметници од различни гранки, но апсолутно синхронирирани, тој во поглед на нејзината музика, а таа во неговото сликарско творештво.

И за едниот и за другиот важи тоа дека инспирација од некаде мора да се црпи, а вклучително со истото да се негува почитта, љубовта, а и да се внесе доза на возбуда од секојдневието.

Најдобра опција за нив се покажува дека е патувањето, па овој пат за дестинација и тоа доста далечна го избраа најголемиот град во светот, Токио- Јапонија.

А таму, прво на агенда се изложбите низ музеите на уметноста, Михо да се наполни со се’ што е пласирано од неговиот свет, а Керол пак е секогаш до него за уште подобар впечаток на нештата.

Неосредно застанаа и пред сончогледите на Ван Гог, а видоа и разни знаменитости од јапонската култура од која сигурно нешто ќе им остане неидено.

Љубов, поддршка, возбуда и се така во круг засекогаш…

фото:Instagram printscreen/karolinagocheva

 

To top