Теа Таировиќ вчера одржа конференција пред концертот во Скопје, а по разговорот со новинарите пејачката отиде во музејот на Тоше Проески во Крушево.
При посетата на спомен куќата , Теа се запиша и во книгата на впечатоци, а нејзиниот потег наиде на бројни осуди.
Јелена Карлеуша бурно реагираше на посетата на Теа во музејот, а на својот Инстаграм профил се огласи каде ни најмалку не ја поштеди својата помлада колешка.
– Ништо не ми се гади во последно време како сликата на естрадната тиња која го користи името на Тоше Проески и неговата спомен-куќа заради евтин маркетинг пред некаков настап во Македонија – напиша таа, па додаде:
– Лажните солзи, евтината патетика на уште поевтините пејачи во злоупотребата на ликот и делата на покојниот Тоше ја земаа најлошата нечовечка и нечесна форма. Да заработат слаба сума пари, сето тоа додека позирате пред камерите. Дното доби свој подрум. Сигурна сум дека Македонците ќе ги препознаат ваквите и ќе ги наградат со апсолутен бојкот – напиша Јелена Карлеуша.
фото:Instagram printscreen/ karleusastar/_.tea_tairovic