Јелена Карлеуша секојдневно објавува многу провокативни видеа и фотографии на социјалните мрежи, а сега реши баш добро сите да ги загрее, а многумина и запали, меѓу кои некој и ќе исчури!
Русокосата „мала од скандала“ буквално ги патосираше следбениците со своите нови жешки објави на голото тело!
Поп – фолк дивата вечерта позираше речиси гола во базенот на својата вила, па нејзиното издание шокираше многумина. Градите или поточно само брадавиците ги покрила со синџири на кои висат украси во вид на аплицирани знаци за долари, додека носи долен дел од ултра мини бикини.
Долниот дел е речиси гол, а гаќичките се всушност само налик на обични ленти, како и одзади тангата, која толку длабоко потонала, што речиси и да не се гледа, како да ја нема.
Сепак едно е сигурно – нејзиното тело никогаш не изгледало подобро.
Со ова Јелена уште еднаш покажа храброст да го носи она што повеќето нејзини колешки не се осмелуваат да го направат, туку можат само да го сонуваат.
Да потсетиме, Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ веќе некое време се обидуваат да се договорат за спогодбен развод, но поради еден детал може да се погоди дека емоциите меѓу нив двајца се уште постојат!
Фото и видео: Instagram/karleusastar