Радио Милева Бизарно

Кардашијан го обвини сопствениот брат дека е татко на нејзиното дете (фото)

Кардашијан го обвини сопствениот брат дека е татко на нејзиното дете (фото)

Клои Кардашијан, сестрата на Ким Кардашијан неодамна се појави на подкаст каде ја шокираше јавноста со своите изјави.

Познатата старлета откри дека во еден момент го обвинила сопствениот брат Роберт дека е татко на нејзиниот син и сето тоа поради нивната неверојатна сличност во изгледот и однесувањето?!

Како што понатаму изјавила, за да го отстрани секој сомнеж за тоа, го принудила нејзиниот поранешен сопруг Тристан Томпсон да направи три тестови за татковство за да утврди дали е татко на нивниот најмлад син Тејтум.

Тејтум е роден преку сурогат мајчинство, па Клои се запрашала дали можеби имало мешаница во агенцијата за сурогат мајчинство.

– Го прашав Роб дали некогаш донирал сперма. Го натерав Тристан да направи три тестови за татковство. Со оглед на семејството од кое доаѓам, ништо не би ме изненадило, но би било толку одвратно – изјавила Клои во подкастот „She Md“.

Резултатите од тестот покажале дека Тристан навистина е татко на нејзиниот син, па таа подоцна му се извинила на својот брат Роберт што се посомневала во таква бизарна работа.

Клои и Тристан ја имаат ќерката Тру (5) и Тејтум, која има една и пол година.

фото: printskrin/instgaram/She Md

To top