На Инстаграм профилот на нашата поп дива Калиопи осамна една неочекувана објава каде таа пее на свадба.
Ако за момент помисливте дека Опи почнала да настапува на прослави од ваков тип- се лажете.
Станува збор за специјален повод од кој таа со особена гордост запеа на сцена на свадбата на нејзиниот тапанар Александар Ванцовски и неговата избраничка Зара, а наедно го претстави и како нејзин внук.
View this post on Instagram
Отмено и префинето на забавата на отворено каде зетот музичар заедно со колегите направи рок журка во која секако улога имаше и тетката. Калиопи откри дека своевремено на малиот Александар кој сакал да пее, му направила и песничка која сега на неговиот голем ден заедно ја пееја.
-Имаше само пет години кога му ја напишав оваа песна „Шармер“ која ја испеа на фестивалот „Супер ѕвезда“… Знаев дека е шармер, но не знаев дека дека еден ден ќе биде бубњар во мојот бенд, а најмалку пак можев да знам дека еден ден ќе ја пееме песнава заедно на неговата свадба…Среќно внучко мој!- напиша Калиопи.
Не беше изоставена ниту убавата невеста која Калиопи ја покажа пред следбениците.

Вечер исполнета со многу емоција, радост, љубов и секако музика по вкус во сопствена режија.
Среќно на младите!
фото:Instagram printscreen/kaliopi_official







