По осум години пауза, в сабота, на 20 јули, Калиопи ќе одржи концерт на Хераклеја во Битола. Изминатиов период, таа со својот бенд и придружните вокали интензивно се подготвува за трите концерти. По битолскиот, на Илинден (2 август), Калиопи ќе пее во Античкиот театар во Охрид, а на 19 октомври ќе одржи концерт во Скопје, во салата „Борис Трајковски“.
Мегафон
концертен трилинг
Калиопи со три концерти на три различни локации: Хераклеа – Битола, Антички театар – Охрид и Борис Трајковски – Скопје
