Тоше… Не можеме и нема да те преболиме, зборови кои 18 години наназад ги читаме најчесто за денот кога е неговиот роденден, но и денес, 16-ти октомври кога замина засекогаш кај ангелите.
Најголемата музичка ѕвезда што Македонија и Балканот некогаш ја имале замина прерано, но зад себе остави вечна светлина, која ниту времето, ниту тишината не можат да ја изгаснат.
View this post on Instagram
Поп дивата Калиопи денес посвети посебна објава за Тоше во која вели:
-Откако си замина го обои октомври во најтажните бои…
Тоше…

За Тоше човек кога би почнал да говори ќе нема крај… Сите имавме по мал дел од него во нас,зошто човекот беше љубов и секого го хранеше со неговата насмевка и доблест преку неговата вера во Бога.
Фото спомените денес се албум на тага, но и тоа дека како што вели Опи, таквите никогаш не избледуваат, само стануваат посилни со времето.
фото:Instagram printscreen/Kaliopi







