Радио Милева убавицата на мама

Каква мајка, таква ќерка: Наследничката на водителката Бубе Јаневска порасна – Нела сака се’ што и мама (фото)

Каква мајка, таква ќерка: Наследничката на водителката Бубе Јаневска порасна – Нела сака се’ што и мама (фото)

Кога се мали синовите сакаат да бидат како татковците, а ќерките како мајките. Па така, во период кога децата се на возраст кога најмногу имитираат и сакаат да бидат како родителите, особено e возбудливo, смешнo и динамичнo како за малечките, така и за родителите.

Познатата водителка од Канал 5 телевизија, Љубица Јаневска – Ивановска е мајка на својата единица Нела, која не само што личи на неа, таа и сака да прави и она што и нејзиниот најголем идол – мама.

Бубе пак, сакајќи да и ги исполни желбите на наследничката, ја однесе Нела во истиот салон за убавина каде и таа секојдневно се средува за да биде тип- топ на телевизија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bube (@bube_janevska)

Бубе овој пат беше зад камерата, онаа од мобилниот, за да го овековечи моментот додека ја фризираат ќерката и да го зачува во бесценетите спомени.

Моментот го објави на своите „стори“, а Нела која има 10 години сигурно била презадоволна што седи на истото столче и ја третираат и разубавуваат како мама.

– Сакаме да израсне во личност која ќе биде силна, храбра, чесна и искрена. Секако низ годините ќе се челичи низ различни ситуации. Важно е од секое искуство да научи нешто, да научи да не ги повторува грешките, да препознава лоши луѓе, да верува во себе и своите квалитети, кажа Бубе во една своја медиумска изјава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bube (@bube_janevska)

Љубица Бубе Јаневска доста млада се впушти во медиумскиот етер каде денес стана едно од најпрепознатливите телевзиски лица кое важи кое важи и за едно од најубавите. Нема да биде чудно ако и Нела огледувајќи се на мама да тргне по истиот пат.

фото:instagram printscreen/ bube_janevska

To top