Кога се мали синовите сакаат да бидат како татковците, а ќерките како мајките. Па така, во период кога децата се на возраст кога најмногу имитираат и сакаат да бидат како родителите, особено e возбудливo, смешнo и динамичнo како за малечките, така и за родителите.
Катарина Ивановска е мајка на две деца, синчето Вања и четири ипол годишната Кира која не само што е копија на мама, таа и сака да биде манекенка како неа.
Мама пак, сакајќи да и ги исполни желбите на наследничката, се согласи Кира да биде модел на еден бренд за облека за деца каде малата убавица се трудеше да се покаже најмногу што умее.
Катарина овој пат беше зад камерите како надзор и учител, да и помогне и сетот да оди полесно.
Моментите од снимањето ги објави на своите „стори“, а за финалното дело веројатно ќе видиме на некој билборд низ град или во салоните за продажба.
Мама Катарина уште како тинејџерка се впушти во модниот бизнис каде денес стигна да биде топ модел со интернационална кариера и да работи за престижни светски модни имиња, па нема да биде чудо и Кира да тргне по истиот пат.