„Се вери Марија Шерифовиќ“ – е веста која одекна на социјалните мрежи.
Познатата пејачка го покажа свршеничкиот прстен, а фановите ја преплавија нејзината објава со честитки и желби.
Марија Шерифовиќ вчера се упатила кон Сараево каде организирала дружба со обожавателите во ресторан каде ги почестила со ќебапи.
Набрзо дошло до општ колапс и повеќе не се знаел бројот на присутните, додека Марија целото внимание и љубов го насочила кон присутните. Таа во знак на благодарност ги почестила сите со ќебапи, а еден од обожавателите и подарил веренички прстен.
View this post on Instagram
– Драги мои луѓе, што би било ова, бре луѓе! Еве го, добив прстен, се верив. Градот пропадна, сè пропадна. Бев таму и ги испочитував сите, до последниот човек. Се онесвестив од умор, на крај не ми беше ниту до ќебапите. Ве сакам сите, малку сум изненадена и збунета – откри Марија преку Инстаграм.
Иако беше само шега, на мрежите стана вирална веста дека Марија Шерифовиќ се верила.
фото: print Screen/Instagram