Радио Милева до одговорност и навика

Кај Сара и Димитар дома не е совршено, но решија да делуваат тактички за добар исход без солзи

Кај Сара и Димитар дома не е совршено, но решија да делуваат тактички за добар исход без солзи

Тие важат за еден од најхармоничните и најхаризматичните познати брачни двојки од македонската јавна сцена. Нивното најсилно оружје е насмевката, па дури и на проблемите не ретко знаат да им се спротивстават така.

Додуша овој пат и за среќа проблемите беа само од естетска природа, но нивната реакција и пристапот за решавање го споделија јавно и покажаа дека кај нив ништо не изгледа совршено, туку реално.

Сара и Диме се среќни и горди родители на малите Илина и Кирил кои се нивниот свет.

Родителството е најубавата, ама и најтешката улога, децата имаат барања повеќе од што можат возрасните да помислат, а бараат и инстант реализација на желбите. Кај родителите нормално постојат граници, но и попустливост, особено кога играчки се во прашање.

Играчките  во секој дом со мали деца ги има на тони, а таков е случајот и кај Сара и Диме. Особено е така за викенди кога се сободни, сите играчки извадени во дневна, па  куќата е наопаку, а може да „добие и нозе за да прооди“.

За да нема лутење, солзи и тажни лица, мама Сара и тато Диме решија тактички да се справат со нередот. Ги собраа играчките кои сметаа дека се вишок, и ги тргнаа до следна опција за игра.

Малите наследници следното утро имаа чист дом, повеќе простор за игра, ама и рестрикција за поголемиот дел играчки се додека не дојде време кога така подзаборавени повторно ќе бидат дел од нивниот детски свет.

Решение секогаш има, особно кога треба да се создаваат здрави и одговорни навики, а мама и тато секогаш се тука за се’!

фото:Instagram printscreen/sarahmace__

To top