Радио Милева секој учесник со своја приказна

Кај Лила во „Се’ или нешто“ нема што нема: Дијагнози од ракав и гробно место (ВИДЕО)

Кај Лила во „Се’ или нешто“ нема што нема: Дијагнози од ракав и гробно место (ВИДЕО)

Лила Филиповска, најдолговечната и се’ уште најдобрата македонска ТВ водителка на забавни програми, речиси деценија и пол успешно го води едно од најгледаните шоу програми и секако најгледаното т.н. гејм шоу на телевизија на сите времиња во ТВ етерот во Македонија, попоуларното „Се ‘ или нешто“.

 

Лила како единствената негова домаќинка неодамна ја започна и 14-тата сезона со неговото снимање, во која како и сиве овие години наназад доаѓаат луѓе од различни градови, од различни профили, социјални слоеви, професии… И секако, секој од нив си носи со себе своја приказна.

Во претставувањето кој е што е, секојнатпреварувач има понекоја необична случјка врзана со неговата работа или животот, па неретко некои од нив се необични, нескојдневни, па дури и неверојатни и можат да влезат во познатата риплиева рубрика „Верувале или не“?

Од тоа дека повеќето случки на натпреварувачите им се случиле некогаш па сега ги раскажуваат, до тоа дека некои се случуваат и во самото студио во дадениот момент, како на пример онаа кога збунетиот играч и го утна името на сопругата!

 

Овој пат издвоивме две различни животни ситуации кои навидум се комични, а всушност лесно можеле да бидат трагични… Или барем се граничат со таканаречниот црн хумор!

Во првиот случај натпреварувачката Марија ја раскажа случката кога отишла на преглед и во прв момент лекарите и дијагностицирале карцином. Шокот разбирливо – невиден, зашто дијагнозата била можна најлоша… Иако агонијата траела, а Марија одела на разни испитувања, решила да не кажува дома…

На последната контрола дошол друг лекар од Скопје и и’ ја соопштил веста по која доаѓа до комплетен пресврт. Најлошото се претвора во најдобро, зашто страшната  всушност е лажна, а натпреварувачката од пацијентка се претвора во потенцијална мајка…

Слушнете ја и потсетете се на нејзината приказна со среќен крај, која и самата Лила ја прокоментира со зборовите:  „Луѓе, дајте намалете малку со „дијагнозиве од ракав“…

@sitel.televizijaИ кажале дека има карцином а уствари била бремена 😢♬ original sound – Sitel TV

Во вториот случај пак, еден повозрасен натпреварувач по име Крсте вообичаено беше запрашан од водителката зошто се пријавил во шоуто, а тој нормално и одговори за да земе некој денар.

На потпрашањето од Лила, со колку би бил задоволен и на што ќе ги троши парите, човекот како од пушка одговори: „За да си купам гробно место“…

Настанува секунда молк, а потоа неверување со дополнителен коментар на учесникот: „Ако пак не ги даде банкарот парите – не умирам и готово“, по што сите во студиото „умреа од смеење“…

проследете го и неговиот коментар како дел од неговата приказна во „Се’ или нешто“!

@sitel.televizijaАко не ги даде банкарот парите не умирам и готово 🤣♬ original sound – Sitel TV

Фото и видео: ТикТок/sitel.televizija

To top