Радио Милева респираторен проблем

Kaj Антониа Гиговска не е се’ така розово: Пејачката се пожали на редовната сезонска мака која никако да ја заобиколи

Kaj Антониа Гиговска не е се’ така розово: Пејачката се пожали на редовната сезонска мака која никако да ја заобиколи

Преодната сезона најчесто знае да донесе доста настинки и вируси, а периодот на адаптација на температуните разлики знаат да си го направат своето врз здравјето и имунитетот.

Пејачката Антониа Гиговска се соочи со овој проблем, а дополнотелно за нејзината состојба веројатно допринесе и набиената агенда со настапи.

Мнгоу често се случува естрадата да се пожали на здравјето поради префорсираност, а на Антониа веројатно и се случи тоа, па заврши со инхалација.

Веројатно се уште олеснителна околност и е тоа што не мораше да оди на лекар, зашто лекарот и е сосед, па може да и каже една соседска брза стручна сугестија што да стави во инхалаторот, да и попушти грлото и да се ослободи гласот.

Па така, пејачката во домашни услови си доби освежување за потоа да успее да им се врати на договорените настапи, а во декември како што најави ги има доста, за новогодишната ноќ дури два, преку ден во Скопје, а за дочекот во Македонска Каменица.

Веројатно поучена од постарите, Гиговска кусите фустанчиња ќе ги замени со долги панталони и сако, за штетата по здравјето да не биде поголема.

фото:Instagram printscreen/ antoniagigovskaa

To top