Пејачката Злата Петровиќ со години е на сцената. Кариерата ја започна во 1983 година, а досега има снимено десетици хитови.
Познатата пејачката на почетокот на кариерата изгледаше сосема поинаку, носеше кадрава коса и често го менуваше имиџот.
На профилот на Инстаграм се појави слика на која се гледа како Злата изгледала кога првпат се појавила во јавноста.
Имено, таа имаше кратка црна кадрава коса, пополни веѓи и носеше широка гардероба.
Да потсетиме, пејачката Злата Петровиќ се омажила за прв пат уште додека била малолетна, на 14 години, и стапнала на „лудиот камен“ со човек кој не го сакала. Потоа имала уште еден брак, кој траел кратко, а кога станала полнолетна веќе била во третиот брак, со колегата Хасан Дудиќ со кој има син.
По разводот од Хасан се омажи за Зоран Пејиќ Пеја со кој го доби синот Јован, но и тој брак заврши со развод.
фото: printskrin/instagram/estradni.arhiv/Zlata Petrović