Промотер

Јуле Николовска за „Гранд продукција“ ја препеа на српски јазик нејзината песна од „Охрид фест 2023“ – „Жена краљица“ (ВИДЕО)

Јуле Николовска  за „Гранд продукција“ ја препеа на српски јазик нејзината песна од „Охрид фест 2023“ – „Жена краљица“ (ВИДЕО)

Македонската пејачка Јуле Николовска важи за една од оние вокалкни интерпретаторки кои подеднакво добро се снаоѓаат и во поп и во фолк музиката и тоа ја прави една од ретките која може да плива во сите естрадни води, во зависност од потребата.

Зад неа се повеќе авторски песни и фестивали од забавната и од фолк музиката како последните настапи на „Макфест 2022“ или „Охрид фест- Охридски тубадури 2023“ на пример, но и голем број проекти со разни нејзини соработници.

Деновие Јуле со нејзиниот бенд снимаа проект со одбрани македонски песни на кој можете да ги слушнете најдобрите македонски фолк хитови. Видео проектот се снимал во познатиот скопски ресторан НС Ресторан а видеото го снимаше ИН продукција.

Наскоро премиерно проектот ќе биде емитуван на сателитската ИНТВ и останатите национални, регионални и локални ТВ станици низ Македонија кои емитуваат македонска фолк музика.

Во меѓувреме, Јуле Николовска својата песна од последниот нтернационалниот музички фестивал „Охридски трубадури 2023“ насловена „Жена кралица“ ја препеа на српски јазик и за истата сними мошне атрактивно видео.

Автор на музиката и текстот е самата таа, додека аранжманот го направи Љупчо Павловски. Видеоспотот го потпишува Дарко Јовановски, а истиот е под закрилтана најголемата продуцентска куќа во регионот „Гранд продукција“.

Токму во една од нивните шоу емисии насловена „Гранд парада“, Јуле Николовска беше гостинка каде ја претстави српската верзија на песната  и го промовираше видеото за истата.

Како звучи српската верзија и како изгледа спотот за „Жена кралица“ на Јуле Николовска проследете од видеото во продолжение:

 

To top