Радио Милева некој на утринска, некој кампува...

Јована откако сфати дека не може да биде вечен турист, „со плачење“ се врати на работа, а Блажевски се прешалта од море на планина, на „тежок живот“ камперски!

Јована откако сфати дека не може да биде вечен турист, „со плачење“ се врати на работа, а Блажевски се прешалта од море на планина, на „тежок живот“ камперски!

Јована Стојменовииќ и Александар Блажевски, познатата новинарско-водителска ТВ двојка, на утринската програма  „Ја сакам Македонија“ на ТВ Сител, како што веќе објавивме во исто време беше на летување.

Новинарско-водителската двојка на утринската на Сител, на одмор: Јована осамна на модна насловна, Блажевски заврши на најубавата плажа каде што „на ризик се познава шизик“ (ФОТО)

Само што понежната половина од двете познати ТВ лица се врати дома, а со тоа и веднаш на работа, а утринскиот муабетџија продолжува да летува.

Имено, Јована со „тешко срце“ се одвои од одморот и летните уживања… И се плачеше кога мораше да се раздели со хотелот и опуштените летни денови на море, па и самат сподели како и било на душичката кога морала да се спакува и враќа назад дома.

Но водителката е свесна и совесна жена, па добро знае дека „се’ што е убаво има крај“, само прашањето е зошто е тоа така секогаш кога ти е најубаво? Веројатно за да посакаш пак да се вратиш! А враќајќи се дома, атрактивната  „ТВ мачка“ по одморот со полни батерии „здравје и убавина“,  сфатила дека мора да се врати дома и да оди на работа, зашто не можа да биде вечно турист!

Само што првиот работен ден веднаш по одморот е „тежок ко’ планина“, некако е развлечен и споро минува. Сепак, Јована полна со насмевка и ТВ шарм е голем професионалец и добро знае како да ги изведе работите за гледачите да уживаат со неа и нејзината програма.

А да ужива во својот продолжен одмор знае, па и повеќе од тоа и нејзниот ТВ компањон Александар Блажевски, кој елегантно си се „прешалта“ од море на планина, на „тежок живот“ камперски!

Од Јадранот во Хрватска, во срцето на Словенија и нејзината зелена, шумска природа.

Откако успеа да се стационира и набрзина позиционира, водителот тргна да ја истражи планинската убавина, па се врати да собере сила за уживање во селската идила.

А популарниот Блажо уште еднаш покажа дека малку му треба за да ужива  на секое место, во секоја пригода.

Кампераска масичка и две столчиња, маслинчиња, шопска, аспарагус, марула, рукола и разбира се…

Нејзиното величество –  ракија! Чашка – две, никако повеќе! До душа, оваа може не баш најсоодветна, зашто не е од онаа нашата – ж’та, туку е сливова, ама тоа е. Што се нашло… А и што е важно од што е  направена, важно е како „пулсира“!

За да не му се види ептен „тежок животот камперски“, по ден-два Блажевски тргна во нови предизвици, па од шаторот иако нов, му се чинеше дека е покоњуктурно да се прешалта во дрвен бунгалов.

Ем пред него има импровизирано дворче со убава дрвена маса и повеќе столици, ем има уште нешто што е во склоп на неговите нови предизвици… Овој пат – хедонистички!

А, може ли нешто повеќе да се бара ако во понудата е вклучена и вистинска скара?! Ражничи, колбавчиња, ќебапчиња и потпечено лепче на решетката… Нема ГМО, нема хемија, само чисто месо за… Лесковачка среде Словенија!

Ама затоа другиот ден – сите на планинарење… За да спаднат „камперскиот хедонизам“ и обилното јадење!

Фото: Инстаграм/jovana_na_na_na/blazhevskialeksandar

 

 

 

To top