Радио Милева пофалби за колегата

Јелена Розга открива детали од приватноста: „Тој е прекрасен дечко“ (фото)

Јелена Розга открива детали од приватноста: „Тој е прекрасен дечко“ (фото)

Месецот зад нас го одбележаа два спектакуларни концерти на Јелена Розга во Сава Центар, а на 21 март на сцената на Сината сала ќе се качи Петар Грашо, еден од најомилените кантавтори во регионот.

Познато е дека Грашо и Јелена се долгoгодишни пријатели, а за тоа често зборуваат и јавно.

По еден свој настап, Розга му посака среќа на својот колега на претстојниот концерт со кој започнува турнејата „Сакам и постојам“, но откри и некои детали од неговиот приватен живот.

– Петар е феноменален татко! Тој е прекрасен татко, со прекрасно девојче и момче. Тој може да биде пресреќен бидејќи има прекрасно семејство и овие години дефинитивно се најубавите години во неговиот живот. Тој заслужува да ужива! – изјави таа за СЕТВ.

-Петар е навистина прекрасен дечко. Неговите песни се безвременски, а тој сега е во полн зенит. Му посакувам многу среќа во Сава Центар и сигурна сум дека ќе ужива како никогаш досега. Овие години се навистина посебни за него – додава Јелена.

фото:Instagram printscreen/rozgajelenaofficial/petargrasoofficial

To top