Радио Милева нов успех

Јелена Карлеуша заврши на „Али Експрес!“: Фотографиите на пејачката искористени за рекламирање на очила (фото)

Јелена Карлеуша заврши на „Али Експрес!“: Фотографиите на пејачката искористени за рекламирање на очила (фото)

За некого Јелена Карлеуша е модна икона.

Нејзините фотографии и видеа на социјалните мрежи привлекуваат огромно внимание, а за нејзините парчиња гардероба на големо се зборува.

Светските фаци ги лајкнуваат, коментираат и копираат речиси сите нејзини фотографии, а сега најпознатата веб-страница „Али Експрес“ ги искористи фотографиите на пејачката за рекламирање на очила.

На споменатата веб-страница има главно  фејк работи, но изгледа многу им се допадна како српската ѕвезда носи оригинални очила, па фотографиите и ги искористија за рекламирање.

На социјалните мрежи обожавателите на имиџот и работата на пејачката останаа изненадени, па имаше коментари од „Дали е можно нејзината слика да завршила на светската веб-страница поради продажба на фејк работи“ „Дали само јас или Карлеуша рекламира луксузни очила на Али експрес“ до „Но Јелена никогаш не би носела фејк“, „Ова е за тужба“. „А што  кога е најубава“ и многу други коментари…

 

фото: printskrin/instgaram/karleusastar

To top