Поп дивата Јелена Карлеуша на својата приказна објави видео од помладата колешка и со еден збор и кажа што мисли за неа.
Музичката ѕвезда вечерва ќе ја затвори “Music Week”, , фестивалот кој веќе трет ден се одржува на Ушче.
Нејзиниот настап беше сокриен речиси до самиот крај, а кога беше објавен составот се побараа карти повеќе за третата вечер.
Освен Јелена, вечера настапи и младата пејачка Ема Радујко, која не ја крие возбудата што бината ќе ја сподели со најпознатата музичка ѕвезда во регионот.
– Преубаво! Рамо до рамо со таква жена и таква ѕвезда… Прекрасно! Навистина сум возбудена поради тоа, и го сакам нејзиниот сценски настап, како го испорачува. Таа навистина е кралица кога станува збор за тоа и морам да го кажам тоа – изјави Ема Радујко.
Карлеуша го сподели видеото од својата изјава на Инстаграм и со еден збор покажа што мисли за помладата колешка.
– Љубов – напишала Јелена, но на англиски јазик.
фото: фото: printskrin/instagram/karleusastar