Радио Милева само за нив

Јелена Јованова со новороденчето Тома ужвива во радоста и мајчинските обврски по дома (фото)

Јелена Јованова со новороденчето Тома ужвива во радоста и мајчинските обврски по дома (фото)

Пред еден месец познатата македонска актерка со хрватска адреса, Јелена Јованова- Приќ, по вторпат стана мајка на синче кое го носи името Тома.

За познатите стана се почеста пракса да ги кријат радосните моменти кога принова е во прашање, па така и Јелена е беше трудница што втората бременост ја помина во комплетна тајност од јавноста.

Ако пак некои се комплетна спротивност и го фотографираат секој ден од нараснатиот труднички стомак, Јованова беше спротивност, и трудничкото стомаче го покажа дури откако се породи.

Актерката беше трудница во илегала, која не сакаше да се знае дека е во блажена состојба и чека принова се додека не дојде часот да се породи.

Сега пак, новороденчето редовно го има од нејзините Инстаграм објави и ден по ден делумно го запознаваме Тома.

Ако за старт малку го видовме лиценцето, сега мама Јелена покажа голо ноџе од паднатото чорапче.

Актерката по вторпат е во постпородилен период со комплетен фокус на Тома и сите мајчински обврски.  Освен бебето, секако тука е и синчето Јаков кој сигурно не многу сака да ја дели мама која наедно денес слави и роденден.

За потсетување, Јелена и нејзиниот сопруг и колега, актерот Стјепан Периќ,  во јуни 2020 се реалзираа во улогата на родители и го добија синот Јаков кој сега е поголем бато.

фото: Instagram printscreen/jelenajovanovaperic

To top