Актерката Јелена Јованова – Периќ на свет го донесе второто дете , а бременоста буквално целосно ја сокри од јавноста.
На социјалната мрежа Инстаграм таа на кратките приказни ја сподели честитката која ја добила од нејзината пријателка и со тоа потврди дека е вистина.
Македонската актерка со хрватска адреса на живеење, Јелена Јованова и нејзиниот сопруг Стјепан Периќ во јуни 2020 се реалзираа во улогата на родители и го добија синот Јаков.
View this post on Instagram
Актерката сега четири години подоцна тајно го роди нејзиното второ синче. А со веста за бременоста Јелена ги изненади сите.
фото: printscreen/instagram