Радио Милева мал јубилеј, за многу повеќе...

Јелена Богојевиќ некни славеше роденден, сега брачна годишнина: „Три години… наздравје за многу повеќе“ (ВИДЕО)

Јелена Богојевиќ некни славеше роденден, сега брачна годишнина: „Три години… наздравје за многу повеќе“ (ВИДЕО)

Водителката на емисијата „Магазин“ на ТВ Сител, атрактивната Јелена Богојевиќ откако пред некој ден на социјалните мрежи обзнани дека го прославила својот 32-ри роденден, сега одново се огласи со нова прослава. овој пат – брачна. мал јубилеј, зашто три години во брак отстрана гледано и не е некоја бројка, ама кога си во заедница со некого… Само тој си знае како е!

А, неа и на нејзиниот сопруг Срѓан очигледно име е повеќе од добро. Впрочем, објавата на ТВ водителката самата кажува во каква семејна хармонија и функционира брачната заедница.

„Три години… Наздравје за многу повеќе“  – споделила Јелена покрај фотографијата на која со гордост ја покажува венчалната бурма. А јубилеј како јубилеј, голем или мал редно е да се прослави на полн астал… И тоа во добра кафеана, каква што е познатата етно меана лоцирана на падините на Скопска Црна Гора!

А прослава без музика не бидува, особено ако се свирело и пеело само за двајца. Кога веќе брачната хармонија ти е божествена, мора таква да биде и песната… „Божествена жено… и божице моја”, одекнувало низ озвучувањето на познатата кафеана, додека Јелена и нејзината посилна половина ја славеа тригодишнината од нивната брачна среќа!

Така е тоа кога уште од првиот ден ќе  најдеш љубовник и пријател во иста личност!

Фото: Инстаграм и Фејсбук/jelena_bogojevic/Jelena Spasic/

 

To top