Радио Милева анегдота

Јана Стојановска со ново ТВ признание од „најлудите“денови: „Крадев коњи, ме сопре и полиција!“ (видео)

Јана Стојановска со ново ТВ признание од „најлудите“денови: „Крадев коњи, ме сопре и полиција!“ (видео)

Познатата македонска актерка и поранешна мисица, Јана Стојановска, ретко се појавува во медиумите, но кога пак ја има, тоа секогаш е со нешто ударно и со изјави за кои и подоцна се зборува.

Јана девовиве е актуелна на музички план, односно со промоцијата на песната и видеото за „Весник“, нумера која е дел од заедничкиот музички проект со музичарот Мишел Трајковски.

По тој повод оваа несекојдневна актерско- музичка двојка беше на гости пред камерите од емисијата „7-мо небо“ на Државна лотарија кај Марјана Станојковска.

Опуштено и со многу позитивна енерија, Јана и Мишел зборуваа за тоа како се споиле преку музиката, дека понудата била од страна на Јана, како и тоа дека одлично се синхронизираат во заедничкото творештво.

Меѓудругото, Јана доби прашање и за тоа која е најголемата лудост која ја направила во детството, а таа како од пушка кажа: „Крадев коњи“, па „прсна“ во смеа со дополнување дека ги позајмувала, a имало и ситуација кога во намерата да јава на Кеј на Вардар ја сопрела полиција:

-Чив е коњов? Викам го позајмив. Импровизирав узда си фатив еден коњ и тргнав да го јавам покрај Вардар! Па ме застануваше полиција, па најстрашното… Ана не ми збореше два месеци за ова, кажа Јана, па и самата си се изнасмеа на своите „луди денови“ кои денес ги раскажува како анегдоти и со радост се сеќава на нив.

Дека Јана секогаш е слободна пред камери, па дури и да го сподели она што ретко кој би, како што тоа го направи пред пет години кога за „Бекстејџ“ кажа дека водела љубов на отворено, а тоа го гледале соседите.

„Имаше една куќа на Водно, беше во процес на градење. Беше многу романтично затоа што немаше покрив и се гледаа ѕвездите. Имаше некои соседи кои што нѐ гледаа”, изјави тогаш актерката.

Автентична, своја, оригинална, така рефлектира и во модерниот џипси ритам од музиката за која вели дека отсекогаш сакала да ја пее. Сега кога веќ го најде вистинскиот музички партнер за тоа, од Јана очекуваме и многу повеќе…

фото: Instagram printscreen/ kanal5televizija/ marjanamay/ jana_sto_ja_nov_ska

To top