Радио Милева не можеше да се воздржи

Јана се расплака поради Прија:  Александра запеа, а нејзината постара колешка заврши во солзи (видео)

Јана се расплака поради Прија:  Александра запеа, а нејзината постара колешка заврши во солзи (видео)

Александра Пријовиќ важи за една од најпопуларни пејачки, а за тоа говорат арените кои ги пополни во Србија и во соседните земји.

Kолегите на Прија обожаваат да ја слушаат како пее, а една од нив е и Јана Тодоровиќ.

Имено, на мрежите се појави видео од приватна прослава на која Пријовиќ и ја пее на Јана песната на познатиот Шабан Шаулиќ, „Анка“.

Изведбата на Прија на познатата песна ја расплака нејзината постара колешка.

Додека Александра пееше, Јана цело време уживаше и кимаше со главата, а солзи постојано и течеа по образите.

Ова не е прв пат Пријовиќ да расплаче колега. Истото се случило и кога била на почетокот на кариерата. Имено, таа на Шабан му ја отпеа „Увек си ми говорила, мајко моја драга“, а кралот на народната музика цело време лееше солзи.

фото: printscreen/instagram

To top