Пејачката Снежана Бабиќ Снеки (56) со години важи за една од најжешките пејачки на српската сцена.
Додека многу нејзини колешки мака мачат со различни диети за да изгледаат совршено, Снеки тврди дека јаде многу калорична храна, но останува во форма.
– Морам да кажам дека не сум опседната со својот изглед, иако луѓето мислат дека сум и дека му придавам преголема важност. Живеам нормално. Девојките во продавницата за шминка ме прашаа: „Што јадеш што те прави да изгледаш така?“ Им велам, јадам сланина, јадам чварки, имам вистинско домашно сало, јадам јајца. Домашниот подварок е мој специјалитет. Од таму доаѓа добрата линија“, вели Снеки.
Инаку, Снеки е горда сопственичка на најдолгите нозе на естрадатат, а оваа титула ја носи со години. Таа наскоро ќе наполни 56 години, но сепак има тело на кое би и позавиделе многу помлади колешки.
Да потсетиме, пејачката Снежана Бабиќ Снеки речиси никогаш не зборува за својот приватен живот, а познато е дека во 2009 година се разведе од германскиот бизнисмен со српско потекло Радомир Стојановиќ. Оттогаш таа никогаш не ги претставила во јавноста своите емотивни партнери, а неодамна истакна дека и по колапсот не ја изгубила вербата во бракот.