Јана не се двоумеше да сподели со кои колеги нема контакт, а тие редовно се разминуваат без да се поздрават.
Пејачката Јана Тодоровиќ еднаш откри, гостувајќи во една емисија, со кој колега не е во добри односи.
Како што истакна, таа и Стоја се избегнуваат веќе подолг период, но не ја знае причината.

Дополнително, Тодоровиќ призна дека ситуацијата со нејзиниот колега Јашар Ахмедовски не е ништо подобра, бидејќи кога поминува покрај неа, ја врти главата и не сака да ја поздрави.

– Не разговарам со Стоја, не се поздравуваме, не знам од која причина. Престана да се јавува, понекогаш само од далеку, па реков: „Или ќе се поздравиме или не!“ Не му се јавувам на Јашар во последно време, а ни тој не ми се јавува мене. Тој ја врти главата, се разбира, и јас ја вртам главата – рече Јана еднаш во „Амиџи Шоу“.







