Француската актерка Брижит Бардо почина вчера, 28 декември, на 91-годишна возраст, соопшти Фондацијата Брижит Бардо. Долго пред нејзината смрт, таа јасно знаеше како и каде сака да биде погребана и како би сакала да биде запаметена.
Брижит Бардо отсекогаш беше јасна во врска со крајот на својот живот: „Верувам дека само по мојата смрт, за жал, луѓето ќе препознаат дека бев пионер“, нагласи таа во интервју за „Ле Монд“ во 2018 година.
Долго пред да биде објавена нејзината смрт, таа направила подготовки за нејзиниот погреб и совршено добро знаела каде сака да биде погребана. Филмската дива, долго позната како Б.Б., открила дека сака да биде погребана во градината на нејзиниот имот, Ла Мадраг, во регионот Вар.
„Избрав мало место, близу до морето, кое беше одобрено од властите“, објаснила таа.

Брижит, исто така, рече дека не сака да биде погребана на гробиштата во Сен Тропе, „каде што група идиоти би можеле да го оштетат гробот на моите родители и баба и дедо. Сакам да бидат оставени на мира“.
Исто така, постојат планови нејзиниот имот да се претвори во музеј, каде што обожавателите ќе можат да ѝ оддадат почит и каде што ќе се собираат средства за Фондацијата Брижит Бардо.
Таа изјави дека сака само своето име, презиме, датум на раѓање и смрт и крст врежан на нејзиниот надгробен споменик.
„Ништо повеќе“, изјави таа за списанието Point de Vue во 2020 година.
Foto: print screen/Instagram/dnevniavaz/brigittebardotpage







